МВР: 33 лица не ја почитувале забраната за движење, 20 приведени

12.05.2020 13:08

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.05.) на територијата на државата на 10 лица им се издадени решенија за изолација, а 72 лица потпишале изјави за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 20 лица, а за останатите се земени податоци по што ќе следуваат соодветни мерки- соопштуваат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.05.) на територијата на државата на 10 лица им се издадени решенија за изолација, а 72 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.  Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 112 лица кои што ја прекршиле оваа мерка.