Почнува уписот на првачињата
Училиштата мора строго да се придржуваат до протоколите утврдени од Владата. Како мерки за заштита од ширењето на коронавирусот, пред училиштата мора да има поставени средства за дезинфекција, прво за чевлите, а потоа и за рацете, а на влезот ќе се мери и температура.
Училиштата во земјава ги отворија вратите за упис на првачињата. Од денеска почнува тестирањето кое ќе се одвива многу поинаку од изминатите години. Училиштата мора строго да се придржуваат до протоколите утврдени од Владата.
Како мерки за заштита од ширењето на коронавирусот, пред училиштата мора да има поставени средства за дезинфекција, прво за чевлите, а потоа и за рацете, а на влезот ќе се мери и температура.
Дозволено е децата да дојдат во училиштата само со еден родител, а зависно од бројот на првоодделенците тестирањата во одделни училишта се закажани во интервали од 20 до 30 минути, во неколку различни училници.
Родителите задолжително треба да носат заштитна маска на лицето и ракавици и да одржуваат физичко растојание. Исто така строго е забрането групирање на присутните во училиштето. Уписот ќе трае до крајот на јуни.
Во секој случај, најголемиот број училиштата во сите општини почнуваат со тестирања на првачињата од денеска, но, некои од безбедносни причини вратите на училиштата ќе ги отворат дури во среда.
