МВР: Издадени 186 решенија за изолација во изминатото деноноќие
01.06.2020 10:31
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација- соопшти МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585 прекршоци.
