Завршни зборови на одбраната за случајот „Рекет“

01.06.2020 10:43

На последното рочиште обвинителката Вилма Русковска, рече дека Јовановски и Јанева ги сториле кривичните дела, а се повика на сведочењата на брачната двојка Камчеви и вработена во компанијата „Орка Холдинг“.

Во Кривичниот суд, во судскиот процес „Рекет“ денеска се очекува завршни зборови да дадат првоосомничениот Бојан Јовановски и Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка.

На последното рочиште обвинителката Вилма Русковска, рече дека Јовановски и Јанева ги сториле кривичните дела, а се повика на сведочењата на брачната двојка Камчеви и вработена во компанијата „Орка Холдинг“.

Потсети дека тие потврдиле дека на Боки 13 прво му дале половина, а потоа уште милион евра. Обвинителката се повика и на фотографија од домот на родителите на Јовановски, каде спред неа, завршила торбата со пари „Луј Витон“.