Црна Гора ги затвори границите за македонските граѓани
Институтот за јавно здравје го ажурираше списокот на држави чии граѓани од денеска можат да влезат во Црна Гора. Како што соопшти на Твитер Владата на Црна Гора, поради зголемување на бројот на лица позитивни на Ковид-19, од листата се отстранети Македонија и Ирска...

Македонија веќе не е на листата на Црна Гора за слободен влез во оваа земја без задолжителен карантин.
Институтот за јавно здравје го ажурираше списокот на држави чии граѓани од денеска можат да влезат во Црна Гора. Како што соопшти на Твитер Владата на Црна Гора, поради зголемување на бројот на лица позитивни на Ковид-19, од листата се отстранети Македонија и Ирска.
Тоа значи дека секој македонски државјанин кој има намера да оди во Црна Гора, ќе мора претходно да оди во задолжителна 14-дневна изолација.
Во Црна Гора во моментов нема активен случај на Ковид-19.
Националното координативно тело за заразни болести донесе одлука од денеска, 1 јуни, Црна Гора да ги отвори сите патни гранични премини кон соседните земји, кои беа затворени како дел од мерките против ширењето на коронавирусот.
