Од утре се укинува бесплатниот јавен превоз за пензионерите

01.06.2020 11:26

Оваа мерка се воведува по препорака на епидемиолозите и Кризниот штаб за справување со новонастанатата состојба.

За да се заштити здравјето на најранливите граѓани и да се спречи ширењето на коронавирусот, од утре (02.06.2020 година, вторник) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасните лица (жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години) во деновите вторник, петок, сабота и недела, соопштуваат од Град Скопје.

Оваа мерка се воведува по препорака на епидемиолозите и Кризниот штаб за справување со новонастанатата состојба.

Градот Скопје и ЈСП апелираат до граѓаните рационално да го користат јавниот превоз и задолжително да носат заштитна опрема.