Директорката на УЈП позитивна на Ковид-19
Лукаревска утрово на Фејсбук напиша дека по работните средби што ги имале со Мухамед Зеќири, потпретседателот на СДСМ, кој е позитивен на коронавирусот и таа се тестирала и оти и нејзиниот резултат е позитивен...

Расте бројот на заразени со коронавирус во земјава. Меѓу другите позитивни се потпредседателот на СДСМ, Зеќири со семејството и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, а во изолација се вицепремиерката Царовска и директорот на Финаниската полиција, Муареми.
Лукаревска утрово на Фејсбук напиша дека по работните средби што ги имале со Мухамед Зеќири, потпретседателот на СДСМ, кој е позитивен на коронавирусот и таа се тестирала и оти и нејзиниот резултат е позитивен.
„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна изолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска на Фејсбук.
