Отворање на граници во регионот
Четири соседни земји ги отворија границите за македонски државјани иако земјава сѐ уште не се решава на тој потег. Од денеска, Грција, Бугарија, Србија, Албанија ги отворија границите за домашни и странски патници. Македонски граѓани не можат да патуваат во Црна Гора, Косово, Хрватска и Словенија...
Грција, Бугарија, Албанија и Србија ги отворија границите за македонските државјани. Од 1-ви јуни, Грција ги отвори границите за патници од 29 земји кои го исполнуваат критериумот за намалување на заразените со коронавирусот.
Македонски државјани можат да патуваат и во Албанија. Државјани на Србија, Северна Македонија, земјите- членки на ЕУ и на Шенген зоната, Британија, и семејства со бугарски граѓани, можат да патуваат во Бугарија. Од 1-ви јуни и Србија ги отвора границите кон четири држави: Црна Гора, Албанија, БиХ и Северна Македонија.
„Сега нема проблеми зашто се олеснија мерките“, вели еден патник.
Словенија дозволува влез на патници кои имаат резервации за туристички престој.
„Ги отворивме границите за туристите кои имаат резервации“, изјави портпаролот на словенечка влада, Јелко Кацин.
„Отворањето на границите претставува ризик за внесување на вирусот од странство“, нагласи Бојана Беовиќ, словенечко Министерство за здравство.
Црна Гора која се прогласи за првата држава без коронавирус во регионот, дозволува влез на државјани само од Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Албанија и Грција. БиХ ги отвори границите за бизнисмени кои имаат потврди дека се негативни на Ковид-19.
Ирина Гелевска
