Активирани шест линии во меѓуградскиот сообраќај преку Прилепската автобуска станица

01.06.2020 15:04

Со заштитни мерки, прописи и инспекциска контрола од денеска се пуштени шест линии во меѓуградскиот сообраќај преку Прилепската автобуска станица. Одговорните уверуваат дека нема никаков проблем и внимателно се врши контрола на протокот на патниците...

Деновиве две, а од денеска шест линии се во меѓуградскиот сообраќај преку прилепската автобуска станица. Со заштитни мерки, прописи и контрола се одвива превозот на патниците.  Се сообраќа од Прилеп за Скопје,  за Струмица, за Кичево, од Охрид преку Прилеп за Кочани и Штип, од источниот дел на земјава, и од Прилеп за Крушево.

Строго е одреден бројот на патниците. На автобуската, редуциран бројот на патниците. Само пет насто од вообичаената фрекфенција. Главно, во претпладневните часови.

Се применуваат сите мерки. Инспекциската контрола е честа и редовна, уверуваат од автобуската станица.

Пред вонредните ситуации, дневно патуваа околу 1.000 граѓани на 20 меѓуградски линии.

 

Елизабета Митреска