Зеќири и Лукаревска позитивни на Ковид-19, во самоизолација Манчевски, Царовска, Забрчанец
СДСМ како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец, соопштија од партијата.
Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири и директорката на УЈП, Сања Лукаревска позитивни на Ковид-19. Согласно со здравствените протоколи и поради превенција, во самоизолација се сите лица што имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец коишто ќе се тестираат деновиве.
СДСМ како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец, соопштија од партијата.
И Спасовски направил тестирање откако во неделата со Лукаревска во Куманово ја презентираа партиската програма. Неговиот тест, како што објави на социјалните мрежи, е негативен.
Потпретседателот на СДСМ, Зеќири тврди дека за Рамазан Бајрам бил со неговото семејство, дека не го напуштил домот, бидејќи за време на полицискиот час ниту имал дозвола за движење ниту прекршил некоја од мерките. Тој на социјалните мрежи соопшти дека позитивни на Ковид-19 се и неговата сопруга и тримесечната ќеркичка.
И градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу е во самоизолација откако се дозна дека бил во контакт со лице позитивно на вирусот. Тестот е веќе направен и се чекаат резултатите.Во административната зграда на Чаир постојано се вршела дезинфекција, се почитувале протоколите, информираат од општината.
Директорот на финансиска полиција Арафат Муареми, е во самоизолација откако бил во контакт со Зекири. Соопшти дека немал никакви симптоми, а неделава ќе биде тестиран за Ковид-19.
Игор Панов
