Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

02.06.2020 11:51

На терен се две екипи. Се земаат брисеви од домовите на лицата опфатени со масовното тестирање и по упат од матичните лекари.

Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте штипски конфекции, кои до понеделник се затворени. Денеска се планира да бидат земени околу 200 брисеви.

На терен се две екипи. Се земаат брисеви од домовите на лицата опфатени со масовното тестирање и по упат од матичните лекари.

Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции планираат да го заврашат до крајот на неделава.