Нови 120 случаи на Ковид-19, починаа двајца, оздравени 16 пациенти

04.06.2020 12:50

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 , соопштуваат од Министерството за здравство. Најмногу новозаразен има во Скопје- 67, Куманово- 19 и во Штип- 16. Во Тетово се регистрирани девет нови случаи на Ковид-19, во Прилеп четири, во Велес два, а по еден новозаразен има во Гостивар, Неготино и Струмица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, и тоа во Скопје- 8, во Штип- 3, Прилеп- 2 и по еден оздравен пациент во Тетово, Велес и Битола.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие два теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.