„Виз ер“ ја продолжи суспензијата на летовите
04.06.2020 13:33
Патниците кои направиле резервации за овој период ќе можат да одберат опција за поврат или користење на средствата во наредните 24 месеци
„Виз ер“ најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 14-ти јуни.
Патниците кои направиле резервации за овој период ќе можат да одберат опција за поврат или користење на средствата во наредните 24 месеци, информираат од авиокомпанијата.
