Штип во карантин, се врши скрининг на текстилните работници

06.06.2020 17:08

Од град кој пред околу две недели беше на чекор до прогласување победа над коронавирусот, Штип сега се соочува со опасност од ширење на заразата, бидејќи вирусот се прошири во текстилните фабрики. Денешната Ковид статистика за Штип е 104 инфицирани, од нив 77сеод текстилните компании, а 21 лице е хоспитализиано. Утре завршува скринингот на околу 750 конфекционери...

Штипјани ја почитуваат 80- часовната забрана за движење, денес улиците празни, ретки возила и полициски контроли на неколку пунктови. Но, за Центарот за јавно здравје и денес, а и утре е работен ден, се земаат примероци од вработените во текстилните компании каде има појава на заразени со Ковид- 19. Нашата екипа направи обиколка на дел од текстилните фабрики.

И Државниот трудов инспекторат излезе да ја види состојбата на терен и утврди дека компаниите од текстилната и кожарската дејност, за кои се однесува забраната за работа во Штип, целосно ја почитувале. Денес активни на терен беа и дел од вработените на ЈП Исар, кои ги чистеа улиците и имаа акција за собирање и отстранување на кабастиот отпад.

Од Општинскиот кризен штаб информираат дека очекуваат и во наредните денови да има нови позитивни случаи во Штип, но сметаат дека системот на брза детекција со скринингот ќе даде резултат и ќе спречи понатамошно ширење на вирусот.

Славица Величковска