Казни за 386 граѓани, не носеле лична заштита на лице
Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење...

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.06.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопштуваат од МВР.
По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
