Над 3.000 заболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести ќе одлучува за нови рестриктивни мерки
Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се одлучува дали повторно во земјава ќе биде воведен полициски час или ќе се пристапува поригорозно кон веќе донесените мерки, како носење заштитина маска, држење растојание од два метри и негрупирање...

Во земјава надмината бројката од 3.000 зразени лица од новиот коронавирус. Вчера беа регистрирани 111 нови случаи на Ковид-19, биле направени 854 тестирања. Двајца пациенти починаа - 53 годишна пациентка од струга и 80- годишен прилепчанец, со што вкупната бројка починати во земјава се искачи на 153-ца.
Во Скопје потворно најмногу заболени – 63, по што следуваат Штип со 12 и Куманово со 11 заболени од Ковид- 19. Активни се 1.226 случаи, од кои 658 заболени се во Скпје, а оздравеле 1.646 лица.
На Инфективната клиника од Ковид- 19 се лекуваат 62-ца, од нив 27 се потешко болни. Во Градската општа болница има хоспитализирани 41 пациент, осумина се на респираторна машина, додека пак низ државата болнички се лекуваат уште 65-мина.
До пет часот изутрина траеше 80- часовната забрана за движење која се однесуваше за Скопје, Штип, Тетово и Куманово, а беше воведена откако мината недела беше регистриран поголем број заразени со коронавирусот.
Денеска Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој ќе се одлучува дали повторно во земјава ќе биде воведен полициски час или ќе се постапува поригорозно во однос на веќе донесените мерки.
По одлуката на Комисијата ќе биде поднесен предлог до Владата, којашто ќе ја донесе конечната одлука.
