Владата на седница ќе одлучува за полицискиот час во наредните денови
Во земјава е надмината бројката од 3.000 заразени од новиот коронавирус. Вчера беа регистрирани 111 нови случаи на Ковид-19...
Заседаваше Комисијата за заразни болести. Владата на денешната седница треба да реши дали и колкав ќе биде полицискиот час во наредните денови.
Во земјава е надмината бројката од 3.000 заразени од новиот коронавирус. Вчера беа регистрирани 111 нови случаи на Ковид-19, биле направени 854 тестирања. Двајца пациенти починаа, 53 годишна пациентка од Струга и 80- годишен прилепчанец, со што вкупната бројка починати во земјава се искачи на 153 лица.
Во Скопје повторно најмногу заболени- 63, по што следуваат Штип со 12 и Куманово со 11 заболени од Ковид- 19. Активни се 1.226 случаи, од кои 658 заболени во Скопје, оздравеле 1.646 лица.
