Анкета на ИПИС: Граѓаните сѐ понезадоволни од справувањето на власта со коронакризата
Во април, 39,7 насто од испитаниците биле задоволни од работата на надлежните во справувањето со Ковид-19, а во јуни таа бројка е 17,2 проценти...

За разлика од април, кога граѓаните главно беа задоволни од тоа како Министерството за здравство и Владата се справуваат со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, сега расположението е сосема поинакво. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за политички истражувања- Скопје.
Во април, 39,7 насто од испитаниците биле задоволни од работата на надлежните во справувањето со Ковид-19, а во јуни таа бројка е 17,2 проценти.
За избори на почетокот на јули, за да има целосно функционални институции, се 24,8 насто од анкетираните, а за предвремени парлементарни избори за да се намали ризикот од новозаразени и да се обезбеди поголема излезност во август или во септември се 40,2 проценти, покажуваат резултатите на анкетата на ИПИС, спроведена од 2-ри до 5-ти јуни на 1.100 полнолетни испитаници во Македонија.
