Влада на Словенија: Сите кои биле во Северна Македонија во задолжителен 14- дневен карантин

08.06.2020 11:57

„Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка“, наведе тамошното Министерство за внатрешни работи во образложението на одлуката.

Словенечката влада донесе одлука, сите кои во оваа земја доаѓаат од Северна Македонија, ќе мора да одат во задолжителен 14-дневен карантин. Ова важи и за државјаните на Словенија, и за македонски државјани, и за државјани на некоја членка на Европската унија.

„Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка“, наведе тамошното Министерство за внатрешни работи во образложението на одлуката.

Карантинот за Словенците кои се враќаат од други, земји пред три недели беше укинат.