Советник во Кабинетот на министерот Чулев позитивен на Ковид-19
10.06.2020 11:29
Последен пат бил на работа на 2-ри јуни, а тестот го направил на 6-ти јуни кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба министерот Наќе Чулев со неговиот советник ја имал на 24-ти мај...

Советник во Кабинетот на министерот за внатрешни работи е позитивен на Ковид-19. Од таму информираат дека тој не се инфицирал додека извршувал работни задачи.
Последен пат бил на работа на 2-ри јуни, а тестот го направил на 6-ти јуни кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба министерот Наќе Чулев со неговиот советник ја имал на 24-ти мај.
Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација, велат од МВР и додаваат дека се преземаат неопходните мерки за заштита на сите вработени.
