Казни за 1.068 граѓани поради неносење лична заштита на лице
11.06.2020 13:34
На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР...

Во изминатото деноноќие, на целата територија на државата прекршочно биле казнети . 1.068 граѓани поради неносење лична заштита на лице.
На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
При извршените полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката.
