Се бараат концесионери за Tиквешко Езеро и Шпиље
Се бараат концесионери за Tиквешко Езеро и акумулацијата Шпиље за наредните шест години. Јавниот повик ќе трае до 15 јуни за кога е закажано и отворањето на понудите. Критериум според кој ќе се изврши изборот е највисокиот понуден износ. Почетната цена за наддавањето е 1,5 милиони денари.

Објавен е јавен повик за доделување на концесијата за вршење на стопански риболов за период од шест години за „Акумулација Тиквешко Езеро“ и „Шпиље“.
Право на учество на Јавниот повик имаат домашни правни лица регистрирани за рибарство и странски правни лица доколку имаат подружница во Македонија.
Покрај другите документи, секој понудувач треба да достави и банкарска гаранција за учество во постапката. Доколку понудата не е комплетна и не ја содржи потребната документација, нема да биде предмет на разгледување.
Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда е највисокиот концесиски надоместок понуден на електронската аукција.
Почетната минимална цена е 1,5 милиони денари за периодот од 6 години.
Надоместокот за стопанскиот риболов ќе биде поделен на шест еднакви рати, а идните концесионери секоја од нив ќе мора да ја платат најдоцна до 31 декември во тековната година.
Краен рок за поднесување на понудите е 15 јуни 2020 година.
Методија Трајков
