Владата ќе ги субвенционира придонесите на вработените во медиумите

11.06.2020 14:04

По консултации со Независниот синдикат на новинарите, властите ќе ги субвенционираат радијата, телевизиите, печатените медиуми и некои електронски портали кои исполнуваат неколку критериуми – не отпуштиле ниту еден работник ниту ќе отпуштат во следните три месеци...

Владата ќе ги субвенционира 100 процентно придонесите на платите на новинарите. Тие заедно со здравствените власти, полицијата и војската се на првата линија во борбата против епидемијата. Најголемиот дел застанаа на страната на етиката и професијата,  известуваа точно и се бореа со лажните  вести и пропагандата кои прераснуваат во екстремна закана за  здравјето на граѓаните, посочи ресорниот министер Поповски.

По консултации со Независниот синдикат на новинарите, властите  ќе ги субвенционираат радијата, телевизиите, печатените медиуми и некои електронски портали кои исполнуваат неколку критериуми – не отпуштиле ниту еден работник ниту ќе отпуштат во следните три месеци.

Оние кои ги намалиле платите поради субвенции, да ги вратат како на почетокот од епидемијата и да имаат најмалку тројца постојано вработени. Порталите кои се најголемиот генератор на лажни вести ќе треба да се со импресум, регистрирани уредно, со жиро сметка и транспарентна сопственост, додаде Поповски.

Тој ги замоли новинарите да останат сојузник во оваа битка со лажните вести, бидејќи сме земја во која 10 проценти од граѓаните не веруваат дека Ковид- 19 посоти, а 40 проценти дека е направен во лабораторија.