Засилени полициски контроли во Битола
За последните 40 дена, СВР Битола кој ги покрива општините од Пелагонискиот регион издал 1.252 казнени налози за неносење на заштитни маски, а во засилените контроли со државниот пазарен инспекторат направени се 574 увиди и утврдиле неправилности во работењето кај 11 угостителски објекти...

Иако, освен општина Прилеп, останатите кои ги покрива СВР Битола не се регистиани како големи жаришта, полициските службеници со засилени контроли на терен. Податоците говорат дека не е мал бројот на оние кои слабо обраќаат внимание на заштитата од коронавирусот.
Последниве неколку дена контролите се со позасилена динамика. На зелените пазари и најфрекфентните улици контолите се најзабележителни. Граѓаните кои се пидржуваат до препораките даваат силна подршка на акциите.
И сопствениците на кафулињата велат дека нема ништо лошо во коректните контроли.
Деновиве контролите во Битола со позасилена динамика се одвиваат и во вечерните часови кога граѓаните помасовно ја прават тадиционалната прошетка од плоштадот „Магнолија“ до „Тумбе кафе“.
Стевче Митревски
