Османи: На 5-ти јули се можни избори, но без кампања и без собири

11.06.2020 14:36

На 5-ти јули се можни избори, но без кампања и без собири, вели вицепремиерот Османи. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека изборите во јули се непотребни поради опасноста од Ковид- 19 и заканата од зараза на гласачите...

Ниту нам не ни е лесно бидејќи темата избори ни е наметната – се пожали вицепремиерот Османи. Вели дека на 5-ти јули може да се одржат избори, но без кампања и собири. Што ќе реши Владата околу вонредната состојба ќе се знае во следниве два дена- вели Османи кој за телефонските разговори на еврокомесарот Вархеји со Заев и Мицкоски рече дека тоа не е медијација, туку внатрешно прашање на Унијата од која и земјава станува дел.

ВМРО- ДПМНЕ останува на ставот дека избори во јуни се непотребни поради опасноста од Ковид- 19 и отворената закана од зараза на гласачите.

Владата донесе Уредба за ажурирање на Избирачкиот список. Првиот човек на ДИК, Дерковски смета дека 22 дена се малку за процесот да заврши, но сепак официјално уредбата ќе ја коментира откако ќе се изјаснат сите членови на ДИК. МТВ праша за став и во Кабинетот на шефот на државата. Оттаму само најавија дека сѐ што има да каже, Претседателот ќе го соопшти утре во обраќање до нацијата.

Миле Ристески