Македонските партии во Србија- едни во бојкот, други на избори
Партијата на Македонците во Србија одлучи да ги бојкотира изборите во оваа држава, закажани за 21-ви јуни. Се приклучија на коалицијата „Сојуз за Србија“...

Македонците во Србија на престојните парламентарни, покраински и локални избори излегуваат согласно политичката сцена во оваа држава. ДПМ во колација со Муамер Зукорлиќ и неговата Партија на правдата и помирување излегуваат на изборите со цел да освојат пратеничко место во Собранието. За разлика од нив, Партијата на Македонците во Србија во коалиција на Демократската партија, а со тоа и Сојузот за Србија одат во бојкот на изборите.
Денес во Белград, претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски по водените разговори, постигна договор за коалиција и соработка со лидерот на Демократската странка, Зоран Лутовац, со што оваа Партија на Mакедонците прогласи официјално бојкот на изборите во Србија.
Со овој чин, оваа Партија на Македонците, ќе стане и дел од опозициската коалиција Сојуз за Србија, која престојните избори во Србија ги прогласи за лажни, недемократски и без фер услови.
„Потпишавме со Партијата на Мкедонците во Србија договор за заедничко дејствување, кој е во два праци. Едниот е изградбата на подобри односи помеѓу Србите и Македонците во Србија и Србија и Северна Македонија како две пријателски држави да ги унапредат своите односи. Второто ниво на соработка е на основ на идеолошката програмаска блискост, бидејќи се залагаме за држава на социјална правда и добрососедски односи и тоа се темели на кои ја базираме нашата соработкад, изјави Зоран Лутовац- претседател на Демократска странка.
За ралика од нив, Демократската партија на Македонците во Србија, во коалиција со Муамер Зукорлиќ, излегува на изборите со цел да направи Сојуз на малцински партии во Србија, за да добијат можност за македски пратеник во Собранието, кој би ги застапувал правата на македонската заедница во Србија.
Изборите во Србија се закажани на 21-ви јуни.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
