Казни за 1.022 лица кои не носеле маски
12.06.2020 10:05
Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 1.022 прекршоци на ниво на цела држава, соопшти Министерството за внатрешни работи...
Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 1.022 прекршоци на ниво на цела држава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 231 лице им се издадени решенија за изолација, додека 161 лице потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.
