Обраќање на претседателот Пендаровски во 12 часот

12.06.2020 10:30

Пендаровски се очекува да даде одговори на прашањата кога ќе има седница на Советот за безбедност и каква ќе биде одлуката за вонредната состојба поради коронакризата...

Претседателот Стево Пендаровски денеска во 12 часот ќе се обрати до јавноста. Пендаровски се очекува да даде одговори на прашањата кога ќе има седница на Советот за безбедност и каква ќе биде одлуката за вонредната состојба поради коронакризата, што исто така би дало некаква насока и за тоа дали и кога би се одржале парламентарните избори во земјата.

Државата функционира со техничка влада, чијшто мандат е организирање парламентарни избори, и без Собрание, кое се распушти во февруари, за да бидат организирани предвремени парламентарни избори на 12-ти април. Пандемијата со коронавирусот ги промени плановите за изборите. Тие со Уредба со законска сила беа одложени, односно прекинаа изборните дејствија. Земјата е во вонредна состојба од 18-ти март.

Обраќањето на претседателот Пендаровски пред „Вила Водно“ ќе може да го следите во живо на првиот програмски сервис на МРТ.