Српски туристи чекаат за влез во Грција
Српските туристи кои утрово тргнале на одмор во Грција до 23 часот ќе чекаат на граничните премини. Иако велат неофицијално имале информација дека од пладне рампите ќе им бидат отворени, грчките власти одлучиле до пред полноќ да не ги пуштат гостите...

Недоразбирање или слаба информација од страна на грчките власти, околу официјалното отворање на границите и влез во Грција. Од утрово српски државјани кои решиле да заминат на годишен одмор кај нашиот јужен сосед биле вратени од Евзони, па од таму се упатиле на граничниот премин Кулата- Промахонас, ама и бугарите ги вратиле. Видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа колона од возила и револтирани туристи.
Грците најавија дека границата ќе ја отворат денес во 23 часот, иако имало неофицијални информации дека тоа ќе биде денес на пладне, во 12 часот, па затоа голем број туристи побрзале кон Грција. На ГП Богородица денес мирно.
Македонија поради порастот на случаите заболени од Ковид- 19 засега се наоѓа и на црната листа на Хрватска, Црна Гора, Словенија и Бугарија. Кога македонците ќе одат на летување во Грција засега не се знае...
Иако турисите при влегување ќе се тестираат по случаен избор, за оној кој ќе се покаже дека е позитивен на корона оди 14 денови во грчки државен карантин. Таму ќе го чува полицијата и нема излегување од местото каде ќе го сместат. Заразените туристи ќе престојуваат во посебни хотели за кои ќе треба да си платат сами сместување.
Стојне Митева
