Политика

Избори на 15-ти јули, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија

15.06.2020 15:51

Јули ќе биде изборен и прв пат во македонската демократска историја среде работна недела. СДСМ прифати да се гласа на 15-ти. Процесот ќе трае три дена. Потребна е нова вонредна состојба за измени на Изборниот законик...

Главните политички ривали се договорија- СДСМ го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за 15-ти јули како изборен ден. Лидерот Заев рече дека партијата направила отстапка. Објасни дека среда ќе биде неработен ден и со продолжен термин на гласање.

ВМРО- ДПМНЕ претходно се согласи да оди на избори доколку се исполнат условите- здравствени протоколи и присуство на ОБСЕ.

За претседателот на ДИК е отстранета и последната пречка да ја почне процедурата за спроведување на изборниот процес.

Политичките лидери има неколку неуспешни обиди да се договорат за изборниот датум. Првично предвремените избори требаше да се одржат на 12-ти април, термин што пропадна поради пандемијата со Ковид-19.

Билјана Јанакиеска