ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување на кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори 2020.
МРТ ги повикува сите политички субјекти со потврдени пратенички листи од Државната изборна комисија, да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на Првиот програмски сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:
Од 29 јуни до 3 јули 2020 од 12.00 до 15.00 часот во студијата на Македонската телевизија.
МРТ ги известува политичките субјекти дека правото за бесплатното политичко претставување треба да го искористат за афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени предвид за емитување.
Снимениот материјал ќе се емитува во периодот од 6 јули до 10 јули 2020 година од 16.00-23.00 часот. Закажувањето на снимањата на претставниците на политичките коалиции и партиите се најавуваат на следниот телефонски број: 071 350 848.
