Охридската болница нема повеќе капацитет да ги згрижува пациентите

17.06.2020 14:48

Охридската болница нема повеќе капацитет да ги згрижува пациентите од Струшко. Четворица заразени биле вратени поради недостиг на места за хоспитализација на Инфективното одделение. Надлежните се жалат дека нема доволно стручен кадар за третман на болните. Каде ќе се згрижуваат новодијагностицираните- се чекаат насоки од здравствените власти...

Четворица пациенти со симптоми на корона вирус од Струшко денес вратени од охридската болница, поради недостиг на место на Инфективно одделение. Струшката болница нема инфективно ниту има стручен кадар, епидемиолози и инфектолози за лекување на пациентите со Ковид, и бараат упатства од Министерството за здравство, каде да ги праќаат пациентите.

„Ние нема да оставиме ниту еден пацинет не прегледан и незгрижен. Како што гледаме ситуацијата ескалира и расте бројот секој ден, ќе имаме стручни состаноци, во контакт сме со министерот и чекаме патека како да постапуваме“, вели Мухамед Хасани директор на болница Струга.

На интерното одделение во Струга се исполнети капациетите, веќе се сместени девет пациенти сомнителни на корона вирус, кои биле во контакти со позитивни лица.

„Ние во моментов го имаме исполнето и капациетот на одделенеието со пациенти високо сомнителни со Ковид- 19, сите се со клиничка слика со докажани ренген наоди, иследувањата се во таа насока“, вели д-р Мира Костојчиноска началник на Интерно одделение Струга.

Од денес струшката болница во лабараторијата воведува серолошки анализи и тестови за корона вирус, со цел да се олесни лекувањето на пациентите.

Моментално во Струга има шеесеттина активни случаи на корона вирус, но не се знае каде ќе се згрижуваат оние на кои им е потребно болничко лекување.

 

Соња Рилковска