Уписите во средните училишта со максимално почитување на протоколите за заштита
Училиштата не смеат да наплаќаат за издавање на свидетелство- се огласи Народниот правобранител по сознанијата дека дел од овие образовни институции барале уплати. Во тек се уписите во средно образование. Во битолските училишта има речиси двојно повеќе слободни места од завршени полуматуранти. Најголем интерес има за гимназиското образование...

И вториот ден од уписите течи со максимално почитување на протоколите за заштита, но и со фактот дека во однос на минатите години, во Битола има над стотина помалку деветооделенци.
И во ваков сооднос според интересот, најлесно ќе се пополнат гимназиските паралелки. Во гимназијата „Јосип броз Тито“ има 204 слободни места.
Сличен е интересот и за гимназиските паралелки во општинското училиште „Таки Даскалот“, но незвесна до последните уписи ќе биде бројката на ученици во другите насоки.
И годинава солиден е интерсот за економското, медицинското и техничкото училиште. За поатрактивните насоки велат веќе квотите се пополнети.
Едногласни се дека малиот број на полуматуранти генерално ќе се одрази во севкупниот изглед на паралелките. Очекуваат состојбите да се ублажат со уписот на завршените основци од соседните помали општини. Сепак, велат, ова е веќе неколкугодишен проблем на кој мора да се посвети потемелно внимание.
Стевче Митревски
