Две години од Преспанскиот договор
Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа евроинтегративните процеси. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија. Стана членка на НАТО, се отвори патот кон ЕУ.
Две години од потпишувањето на Преспанскиот договор. Во малото населено место Нивици, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас го парафираа договорот.
Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа евроинтегративните процеси. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија. Стана членка на НАТО, се отвори патот кон ЕУ.
Го избравме правиот пат, што за само две години ни го донесе членството во НАТО и пристапните преговори со ЕУ. Конечно се ослободивме од навредливата придавка „бивша” или „поранешна” и го финализиравме процесот и државната лична карта во светското семејство на ОН, вели министерот Димитров во изјава за МИА.
Истовремено, додава тој, со соседна Грција започнавме да градиме блискост, пријателство и сојузништво, нешто што е толку логично и природно меѓу соседи, а сепак незамисливо до неодамна.
Пред нас се клучни избори и нов крстопат: назад кон слепата улица или напред по вистинскиот пат кон стабилна, европска и просперитетна иднина, порача Димитров.
