Филипче: Имаме капацитет да се справиме со напливот на пациенти
Се справуваме со напливот на пациенти и има доволно место за да се згрижат на интензивна нега. Но, мора да се достават 450 решенија за самоизолација па ќе има јавна објава, рече министерот за здравство Венко Филипче при денешниото отворање на Ургентниот центар во Прилепската болница. Болницата е доволно опремена, а градските власти нагласуваат дека пресудно е почитувањето на мерките…
Денешниот биланс во земјава донесе нови 156 заразени и 6 починати пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче при денешниот престој во Прилеп нагласи дека ќе се решава проблемот со непримањето на решенијата за самоизолација. Денес или утре ќе има јавна објава на тие кои не ги примиле решенијата и се опасност за здравјето на другите. Недоставени се 450 решенија.
Здравствениот систем во државава ќе може да се справи со напливот на пациенти. Министерството со здравствени тимови и за изборите.
Прилепската болница успешно се справува со здравствената грижа за пациентите. Особено што последниве години има реновирани одделенија, како акушерското, се отвора по 15 години Ургентниот центар, има дигитален рентген апарат, но останува потребата за магнетната резонанца што ќе го олесни проблемот на околу 100.000 жители во регионот.
Прилеп успешно се справува со корона вирусот. Во моментов се само 17 пациенти активни. Подобрената ситуација не смее со ништо да се наруши, предупредуваат локалните власти, особено не со собирања на младите по кафулиња.
Елизабета Митреска
