Укината ослободителната пресуда за случајот „Тревник“

25.06.2020 14:17

Ослободителната пресуда е укината, како што се вели, поради суштинска повреда на постапката...

Скопска Апелација ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ на поранешното СЈО против новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа.

Ослободителната пресуда е укината, како што се вели, поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба.