Договор за заедничко дејствување меѓу ССК и Македонскиот полициски синдикат

25.06.2020 15:33

Сојузот на стопански комори и македонскиот полициски синдикат ќе дејствуваат заедно во обезбедување на владеење на правото. Потпретседателот на ССК Драган Митковски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев потпишаа договор кој има за цел да се воспостави соработка со особен акцент на заложбите за воспоставување систем за обезбедување на владеење на правото и сузбивање на сивата економија.

Владеење на правото и унапредување на демократските процеси се дел од договорот  што го потпишаа  ССК и Македонскиот полициски синдикат . Според потписниците на договорот се  создава платформа за институционално дејствување .

„Нашите заложби ќе бидат насочени кон воспоставување на систем за обезбедување на владеење на правото како и посветено делување за сузбивање на сивата економија. Институционално ќе делуваме со заеднички проекти во насока на унапредување на демократските процеси“, изјави Драган Митковски, потпретседател на ССК.

Според македонскиот полициски синдикат се посветува внимание на општествената одговорност во услови на здравствено – економска криза и за обезбедување поквалитетни услови за полициските службеници.

„Верувам дека ќе вроди со крупни позитивни општествени промени и ќе биде пример  за успешност, препознаен и вреднуван од надлежните институции“, изјави Марјан Кицев,  претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Во Македонскиот полициски синдикат, членуваат над 8.500 членови, и е еден од најорганизираните и најголемите гранкови синдикати во земјава.

 

Лидија Чакар