Матичните лекари во битка со кронавирусот

Сѐ уште има луѓе кои ја кријат болеста

25.06.2020 16:56

Матичните лекари повикаа на поголема дисциплина при почитувањето на препораките. Има сомнитени случаеви кои одбиваат да се тестираат...

Поминуваме низ тримесечен период на стрес во битката со коронавирусот заедно со пациентите, и ние матичните лекари, велат лекарите Станкова и Ковачевиќ. Голем процент од пациентите  се дисциплинирани и трпеливи, но има и такви кои одбиваат да прифатат дека се заразени или дека  биле во допир и треба да се тестираат.

При навременото лекување поголема е можноста за избегнување на компликациите.  Самоизолација максимално да се почитува.

Според лекарите, олабавените мерки неминовно треба  да ја подигнат совеста за постоењето на смртоносниот вирус. Само така ќе си помогнеме себеси и на здравствениот систем,  велат матичните доктори.

Билјана Јанакиеска