Заштитните маски задолжителни, но цените не паѓаат

25.06.2020 17:03

Со пандемијата секојдневието се промени, ама остана едно задолжително - носење заштитни маски. Според производителите, домашни и светски, паѓа големопродажната цена, ама, анкетите покажуваат во малопродажба цените останаа. Повеќето граѓани сметаат дека треба да падне цената, а не да се зголемува заработувачката на еден од најнеопходните чинители за здравјето...

Еднократни, памучни, модерни, со филтри. Повеќе од четири месеци сме со пандемија каде главен збор имаат заштитните маски и ракавиците. Побарувачката се зголеми, а и производството, зашто мора да се носат, инаку има казни. Ама малопродажните цени, горе долу, останаа исти.

Главно, заштитните маски се од домашно производство. Во почетокот производството беше поскапо, со автоматизирањето - големопродажната цена е намалена. Па и на светско ниво.

Од 25 до 50 денари се еднократните, секојдневни, па и памучните кои се најбарани. Со филтри - цената достигнува и до 500 денари. Граѓаните се свесни дека мора да ги имаат. Некои веќе анализираат- треба да се намалат цените, зашто се прави голема заработувачка.

По употребата маските и ракавиците се третираат како другиот отпад. Ама, предупредуваат надлежните - треба да се внимава.

Елизабета Митреска