Казни за 672 граѓани кои не носеле маски
26.06.2020 10:24
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите...
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД -19.
