Границите од денеска отворени без обврска за тест и карантин

26.06.2020 10:37

Владата, одлуката за отворање на границите ја донесе во координација со Комисијата за заразни болести, а исто така, е решено дека од 1 јули ќе биде отворен аеродромскиот сообраќај во Скопје и Охрид.

Од денеска се отвораат граничните премини без задолжителен тест за Ковид-19 и обврска за самоизолација или државен карантин во рок од 14 дена. Ова значи дека сите домашни и странски државјани ќе можат да транзитираат низ државава.

Владата, одлуката за отворање на границите ја донесе во координација со Комисијата за заразни болести, а исто така, е решено дека од 1 јули ќе биде отворен аеродромскиот сообраќај во Скопје и Охрид.

По барање на главниот координативен кризен штаб, Државниот санитарен и здравствен инспекторат синоќа донесе одлука со која се поништуваат сите дејствија по решенијата за периодот од 13 до 25 јуни за лицата под здравствен надзор и домашна изолација и лицата во државен карантин кои влегле во земјава со негативен тест на Ковид-19.