Затворен е Избирачкиот список, почнува печатењето на материјалот
Затворен е избирачкиот список и на него се запишани нешто над 1.814.000 илјади гласачи. На денешната седница ДИК го утврди изгледот на гласачкото ливче по што почнува печатењето на материјалот...

Еден милион 814 илјади и 263 гласачи доколку имаат важечки документи ќе можат да го остварат своето избирачко право на 15 јули. Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Но, тука се и лицата кои се иселиле или работат во странство- 83.054нзапишани во посебните избирачки списоци.
Во посебниот избирачки список се и лицата во затвор и во притвор - 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.
„Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, како и сите наши државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на гласање ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Најмногу гласачи има во Куманово, над 90 илјади, а најмалку во Конче. На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Избирнот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место.
ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче, па така од денеска во битолската печатница „Киро Дандаро“ и официјално почнува печатењето на гласачкиот материјал. ДИК од Битола ќе ги подигне гласачките ливчиња на 10 јули и потоа ќе ги дистрибуира до Општинските изборни комисии.
Лидија Чакар
