ЕК ја усвои предлог- преговарачката рамка

02.07.2020 10:11

Предлог- преговарачката рамка во рацете на земјите- членки на Европската унија. Документот е конципиран според новата методологија за пристапниот процес. Првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија наесен...

Европската комисија, врз основа на одлуката на Советот за општи работи од март го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денеска тој е во рацете на земјите- членки. Преговарачката рамка е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес.

„Со нетрпение очекувам изјаснување на земјите-членки и што поскоро да се одржат првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

За шефот на македонската дипломатија Димитров, има симболика во денот кога се случи оваа фаза од пристапувањето на земјава во Унијата.

„Јас сум убеден дека како што беше за нас историско хрватското претседателство, така ќе биде и Германското претседателство и заедно со германската поддршка во следниве месеци ќе ја отвориме првата Меѓувладина конференција“, изјави шефот на дипломатијата.