Невремето во битолско предизвика штети во земјоделието
Вчерашното попладневно невреме проследено со силен ветар и получасовни врнежи од град со големина на лешник, направи големи штети во атарите на селата Кукуречани, Могила, Крклино, Карамани. Речиси се уништени насадите со тутун, домати и пиперка...

Наместо благодет од долгоочекуваниот дожд, огромна материјална штета. Вчерашното попладневно невреме го уништи или оштети најголем дел од родот на зејоделците од атарите на неколку пелагониски села.
Невремето направи и своја селекција во опфатот на површините, вели земјоделецот Благој Деримачковски. Но, културите на оние кои беа опфтени од близу тричасовното невреме претрпеа штети од двесет, па се до стопроцентно уништување.
Имам 40- годишен земјоделски стаж, сум доживаел многу штети, но овојпат чувството беше навистина вознемирувачко, а градот освен што долго толчеше имаше и специфична конфигурација, вели Деримачковски.
Од подрачното одделение на Министеството велат дека се запознати со состојбите и според процедурите по пријавувањето на штетите во општините, ќе следи формирање на тимови за проценка на штетите.
Стевче Митревски
