МВР: 432 прекршоци за неносење на заштитна маска во изминитите 24 часа
06.07.2020 10:02
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 432 прекршоци, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
