МОСТ ќе ги следи изборите со 900 набљудувачи
Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи парламентарните избори со 900 набљудувачи. Ќе бидат распоредени на 696 гласачки места по случаен избор. Дополнително 80 набљудувачи ќе ја следат работата на Општинските изборни комисии. На жолтите маички покрај МОСТ ќе пишува и „Мониторинг 2020“. Оттаму посочуваат да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи парламентарните избори со близу 900 набљудувачи на 696 гласачки места, избрани спооред случаен и репрезентативен примерок. Ќе бидат распоредени и исто толку набљудувачи со што ќе бидат покриени 20 проценти од вкупниот број на избирачки места на територијата на целата држава.
Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, набљудувачите ќе бидат статични и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Ќе распоредат и 55 мобилни тимови со по двајца набљудувачи, кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните набљудувачи, а ќе покриваат и избирачки места кои не се покриени со статично набљудување. Дополнително 80 ОИК ќе бидат покриени со набљудувачи, како и еден набљудувач во ДИК.
Како и на претходните изборни процеси ГА МОСТ го спрооведува проектот согалсно декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на го и останатите меѓународно призанени стандарди за домашно набљудување на изборите. Жолтите маички со кратки ракави на кои на предната страна стои логото на МОСТ и е испишано Мониторинг 2020, овластуивањата од МОСТ и акредитрациите од ДИК и оваа година ќе бидат препознатлив белег на граѓаните кои ќе бидат дел од нашето набљудувачко смејство. Обележјата и оваа година се разликуваат од оние што важеле претходните години. Набљудувач е оној кој ќе носи маица, овластување и акредитација за изборите за оваа година 2020, рече Алексов.
Со оглед на Ковид пандемијата, Алексов повика на почитувањето на мерките за заштита и апел до граѓаните да излезат на гласање и да ја исполнат својата граѓанска должност, имајќи предвид дека институциите ги преземаат сите неопходни мерки за гласањето да се спроведе на безбеден начин.
