Намален протокот на грчки државјани на Меџитлија
Три недели рампите за влез во земјата им се отворени, но споредбено со лани речиси за три четвртини е намален протокот на грчки државјани кои доагаат на пазар, по гориво или користат медицински услуги во земјава. Велат дека стравуваат од дневната статистика заболени со Ковид...

И дваесетина дена по олабовувањето на мерките за влез и излез на граничниот премин Меџитлија не ги врати во посакуваниот број грчките граѓани во прометот на локалната трговија.
Протокот е подинамичен во пазарните, во однос на останатите денови, говори и статистиката на граничните служби. Главната причина велат, лежи во стравот од вестите за континуираната голема дневна бројка на заболени од Ковид- 19 кај нас.
Леринчанецот Костас Котопулус утринава беше меѓу ретките кој ја минаа границата. Вели дека доаѓа само да наточи бензин. Со корона вирусот тој и останатите се плашат да одат во пазарот, а некои производи не можат да ги пренесат.
Негативните финансиски рефлексии се силни и кај приватните стоматолози. Велат, на едната рака можат да се избројат оние кои последно време седнале на стоматолошкиот стол.
Заклучокот е едноставен додека не се надмине актуелната криза со вирусот се помалку статистиката ќе биде непопуларна како на влез на грчките така и на излез на нашите државјани на Меџитлија.
Стевче Митревски
