Нови 88 случаи со Ковид-19, тројца починати, оздравени 123 пациенти

13.07.2020 15:39

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години.  Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197,  бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.878, активни 1.788

• Куманово 862, активни 194

• Дебар 151, активни 89

• Штип 457, активни 178

• Прилеп 301, активни 64

• Тетово 871, активни 292

• Струга 330, активни 171

• Велес 203, активни 33

• Битола 71, активни 28

• Охрид 227, активни 135

• Кавадарци 26, активни 18

• Гостивар 230, активни 144

• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 8, активни 4

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 77, активни 13

• Пробиштип 37, активни 24

• Демир Хисар 8, активни 7

• Македонски Брод 8, активни 4

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 7, активни 4

• Свети Николе 118, активни 111

• Кичево 81, активни 69

• Ресен 137, активни 77

• Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори) –110, Систина со PCR метода -140, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 302

• Аеродром - 162

• Бутел - 135

• Гази Баба - 199

• Центар – 138

• Карпош – 145

• Сарај – 118

• Кисела Вода – 107

• Ѓорче Петров – 113

• Студеничани – 116

• Шуто Оризари – 83

• Арачиново – 42

• Илинден – 23

• Петровец – 20

• Чучер Сандево – 11

• Сопиште – 12

• Зелениково- 15

• Странец – 6