Втор ден избори: Гласаат болните, немоќните, затворениците
Денеска гласаат болните, немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени. Според податоците на ДИК, правото на глас го остваруваат 8.843 болни и немоќни. Гласањето е почнато и во 13 казнено-поправни установи. Се гласа и во 17 старски домови. Вчера гласале 723 лица позитивни на Ковид- 19 или што се во самоизолација...

Во 13 казнено- поправни установи со право на глас се 1.657 лица, 357 во 17 старски домови и 6 раселени лица во единствениот центар за сместување. Гласањето во домовите на болните и немоќните лица со посебни мерки за заштита го спроведуваат избирачките одбори. За гласање се пријавиле 8.843 болни и немоќни лица, како и лица кои се во куќен притвор. Вчера гласале 723 лица позитивни на Ковид- 19 или што се во самоизолација. Постапката за броење на овие гласачки ливчиња ќе биде заедно со другите по завршувањето на гласањето во среда.
Утре ќе може да гласаат 1.814.263 лица, македонски државјани со наполнети 18 години. На предвремените парламентарни избори, избирачите ќе може да гласаат за една од четирите коалиции и 11 партии. За 120 пратенички места има 1.560 кадидати. Изборите ќе ги следат 2.508 домашни и 96 странски набљудувачи, а се акредитирани и 55 странски новинари.
Поради кризата со пандемијата, овие избори се изведуваат под посебни безбедносни протоколи и ќе траат два часа подолго, односно ќе се гласа од 7 до 21 часот.
Игор Панов
