Суспендиран советникот на Чулев, поднесена кривична пријава
Внатрешната кoнтрола констатирала дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело насилство и малтретирање при вршење служба, вели заменичката- министерка Славјанка Петровска.
Против советникот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кој на 15 јули, на денот на изборите беше снимен како му се заканува, пцуе и навредува колега, началник во СВР - Тетово, МВР поднело кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Внатрешната кoнтрола констатирала дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело насилство и малтретирање при вршење служба, вели заменичката- министерка Славјанка Петровска.
Против државниот советник е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и тој до нејзиното завршување е суспендиран од работното место.
